82.The Cleaving

  1. Кога небото ќе се расцепи
  2. и кога ѕвездите ќе испопаѓаат
  3. и кога морињата едни во други ќе се влеат
  4. и кога гробовите ќе се испревртат
  5. секој ќе дознае што подготвил, а што пропуштил
  6. О, човеку, што те измами толку та си Му непокорен на својот Благороден Господар
  7. Кој те создал – та направил да си складен и да си исправен
  8. и каков што сакал лик ти дал
  9. А не чини така! Вие во Судниот ден не верувате
  10. а над вас бдеат чувари
  11. кај Нас благородни писари
  12. кои знаат што правите
  13. Честитите сигурно ќе бидат во џеннетот
  14. а грешниците сигурно во џехеннемот
  15. на Судниот ден во него ќе горат
  16. и веќе од него изведени нема да бидат
  17. А знаеш ли ти што е Судниот ден
  18. И уште еднаш: Знаеш ли ти што е Судниот ден
  19. Денот кога никој никому нема да може ни малку да му помогне, тој Ден власта единствено Аллах ќе ја има