81.The Overthrowing

  1. Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби
  2. и кога ѕвездите ќе попаѓаат
  3. и кога планините ќе се придвижат
  4. и кога стелните камили без пастир ќе останат
  5. и кога дивите животни ќе се соберат
  6. и кога морињата со оган ќе се наполнат
  7. и кога душите со телата ќе се спојат
  8. и кога живо закопаното девојче ќе биде запрашано
  9. поради каква вина е убиено
  10. и кога листовите ќе се разделат
  11. и кога небото ќе се тргне
  12. и кога џехеннемот ќе се распали
  13. и кога џеннетот ќе се приближи
  14. секој ќе го дознае тоа што го подготвил
  15. И се колнам во ѕвездите кои се сокриваат
  16. кои се движат и кои од вид се губат
  17. и во ноќта кога таа велот го спушта
  18. и во зората кога дише
  19. Куранот навистина е кажување на Гласникот благороден
  20. моќен, од Господарот на Аршот ценет
  21. кому други му се потчинуваат, таму доверлив
  22. А другарот ваш не е луд
  23. тој на хоризонтот јасен го виде
  24. и, кога е во прашање Објавата, тој не е скржав
  25. и Куранот не е говор на проклетиот шејтан
  26. па тогаш каде одите
  27. Куранот е само поука за световите
  28. за оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат
  29. а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака