И уште еднаш, не треба така, тие ќе дознаат сигурно
Зарем Земјата не ја направивме постела
и планините столбови
и вас како парови ве создадовме
и сонот ваш за починка го направивме
и ноќта како покривка ја дадовме
и денот за заработување го одредивме
и над вас седум силни236 соѕидавме
и светилка237 што пламти поставивме
Ние од облаците обилна вода спуштаме
и со нејзина помош правиме да растат житото и растенијата
и градините густи
Денот суден е навистина веќе одреден
Денот кога во рогот ќе дувне, па вие, сè група по група ќе доаѓате
и небото ќе се отвори и многу порти ќе има
и планините ќе се здробат и привидение ќе биде
Џехеннемот заседа ќе стане
за насилниците место на враќање
каде што вечно ќе останат
во него свежина нема да осетат, ниту пијалак ќе вкусат
освен жешка вода и течности
казна прикладна
Тие не очекуваа дека ќе полагаат сметка
и доказите Наши претерано ги негираа
а Ние сè избројавме и запишавме
па трпете, мачењето сè полошо ќе ви го направиме
А на богобојазните местото на спасот им припаѓа
градини и лозја
и девици млади, со години исти
и пехари полни
Таму празни приказни и невистини нема да слушаат
тоа им е награда од Господарот твој, дар доволен
Господарот на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив, Милостивиот, Кому од страв нема да може да Му се прозбори
на Денот кога Џибрил и мелеците ќе бидат во редови наредени, кога само оној на кого Милостивиот ќе му дозволи ќе зборува, а вистината ќе ја каже
Тоа е Вистинитиот ден, па кој сака, враќањето кон Господарот свој ќе го прифати
Ние на блиска казна ве предупредуваме, на Денот во кој човек делата на рацете свои ќе ги види, а неверникот ќе извика: „Камо среќа прашина да останев!“